Почетна --> Архива --> 330 --> Овци од цела земја, истрижете се
Овци од цела земја, истрижете се
Автор: ЕГО Редакција   

1. Во зависност од температурите, стрижењето на овците се прави од март до април, најдоцна до мај. Тајмингот за почеток зависи од повеќе фактори, но и од растот на новата волна. Доколку новата никнува побавно, што зависи на пр. од исхраната, стрижењето може да биде проблематично.

Самиот зафат на стрижење се прави со рачни или електрични ножици. Во принцип, прво се стрижат овните и јаловиците, а на крајот објагнетите овци. Стрижачот фаќа една овца, ја фаќа со едната рака и ја клекнува, а со другата ја стрижи, местејќи ја во погодна положба, според сопствениот терк за стрижење. За да биде овцата мирна, не треба да се прават груби зафати, туку само кроце-кроце поместувања, пазејќи таа да не биде повредена, иако во принцип овците не даваат никаков отпор, туку само блеат.

 

2. На ланската Регионална манифестација „Ден на одгледувачите на овци Маврово – Ростуше“, овчарите побараа од државата да го поттикне приватниот сектор за одгледување овци. Тие посочија дека овчарството е еден од најперспективните сектори во земјава. На таа манифестација, редовно се одржува натпревар во молзење и стрижење на овци, изложба на автохтони колекции на овци, демонстрација на машинско молзење и стрижење овци, како и изложба на овчарски кучиња.

3. И покрај се бројот на овците во Македонија е значително намален - од некогаш два милиони, на едвај половина милион колку што е проценката во моментов. За да се смени ситуацијата, државата со различни активности придонесува за развој на овчарството, меѓу другото со субвенции.

4. Намалувањето на стоката е тренд во регионов. Според истражување направено во Србија, во државите од поранешна Југославија денес има драстично намалување на сите видови стока, во споредба со некогаш. Така, моментално има 2,6 милиони говеда, 5,5 милиони свињи, 4,4 милиони овци, 60 милиони живина, но нема целосни податоци за бројот на коњи и магариња.

Според него, најмногу свињи има во Србија, говеда и коњи во Словенија, живина во БиХ, кози во Црна Гора, а во Македонија - овци!

Не знам зошто, ама не можам да избегам од впечатокот за сличноста на одредена стока со карактерните особини на нивните стопани.

5. Се занимаваме со овци, а ни збор за изборите!?

Пааа, како да кажаммм.... како да се изразаммм...  Всушност македонскиот јазик и не дава можност за некоја голема прецизност во изразувањето.

Не е така?

Па само во нашиот јазик „гајле ми е“ и „не ми е гајле“ имаат исто значење.

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________