Почетна --> Архива --> 330 --> Решение или грабеж?
Решение или грабеж?
Автор: ЕГО Редакција   

Форсирањето на приватниот сектор и приватизацијата на државните компании и ресурси се канон на актуелниов економско-политички систем, кој се уште не ги дал посакуваните резултати. Искуството на многу поразвиени економиии,   како што е британската, покажува дека приватниот сектор и јавно-приватните партнерства не се баш најдоброто решени, зашто единствениот видлив ефект од нив е зголемување на нееднаквоста во општеството!

Πостои општо уверување дека приватните пазари се поефи-касни. Во суштина - не се! Анализите покажуваат дека привати-зираните британски железници имаат 40% повеќе трошоци, иако цените по приватизацијата реално значително пораснаа, а субвенциите од државата  повеќе од двојно, те.  се покачија на 5,4 милијарди фунти годишно. Главна причина за тоа се високите каматни стапки, бидејќи за задолжувањата на желеницата, сега државата не гаран-тира. Истовремено, тие долгови не ги оптоваруваат јавните финансии, нема отпишување на долгови, а има допол-нителни трошоци заради организација и трошоци заради раситнетоста на железничкиот систем, маржи за изведувачите и подизведувачите на договор, исплатување на дивиденди на инвеститорите, пишува лондонски  „Гардијан“.

Дали е железницата екстремен при-мер? Не е. Приватизираните компании за снабдување со вода се добри од аспект на создавање

Профит и исплаќање дивиденди

но кога е потребно обновување на мрежата - тогаш им требаат субвенции од јавните средства. Компанијата Thames Water лани не плаќала данок од добивка (покажала загуби), а сепак за дивиденди исплатила 280 милиони фунти и вредноста на уделите на сопствениците во последните десет години се зголемила за 10 пати! Експерти пресметале дека компа-нијата Thames Water можела да обезбеди 4 милијарди фунти за гра-дење на нова мрежа во Лондон без нови кредити и без поскапување на водата, доколку средствата кои ги исплатила како дивиденди, би ги зачувала како резерви. Бидејќи тоа не го сторила, лондонските домаќинства ќе мора да плаќаат барем 100 фунти годишно за обновување на мрежата.

Слично важи и за приватизираните компании за гас. Компанијата Centrica пред некое време објави дека го зго-лемила профитот на годишна основа за 14% и претседателот на управата добил повеќе од 4 милиони фунти како награда. Истовремено сметката за гас за просечно домаќинство пораснала за 8%, а цените на енергенсите во големопродажбата паѓаат. За наред-ната година „големите шест“ доба-вувачите на гас планираат просечниот профит кој го создаваат од домаќин-ствата да се зголеми скоро за 4 пати во споредба со минатата година.

Од тоа произлегува дека  јавно-приватните партнерства не се

Ништо подобри

од приватизираните. Јавно-приват-ното партнерство за мрежата на лондонското метро во висина од 30 милијарди фунти со две приватни кон-зорциуми заврши катастрофално. Еден пропадна заради долгови во висина од 2 милијарди фунти, другиот па не вложил 400 милиони фунти кои ги ветил како свој удел. Слични се и јавно-приватните

Партнерства за затворите

Приватизацијата и јавно-приватните партнерства можат да бидат успешни само со построга регулатива, што е тешко да се постигне под претпос-тавката дека пазарите мора да бидат потполно слободни за сите, а држа-вата мора од секаде да се повлече. Затоа, се смета дека подобро решение е воспоставување на подобра рамно-тежа помеѓу државата и пазарот. Убедувањето дека се работи за природни непријатели треба веднаш да се отфрли. До 40% од активностите на приватниот сектор се зависни од инвестиции на државата, многу од новостите на приватниот сектор се надградување на иновациите финан-сирани од јавните средства. Тоа се, да речеме, iPad, комуникациските техно-логии, GPS, екран на допир. Во последниве 30 години на дерегули-рани пазари економската раст фактич-ки се преполови во однос на 30 години пред тоа, кога пазарите беа регули-рани. Потполно дерегулираните пазари не ја урамнотежија еко-номијата, туку само

Ја зголемија нееднаквоста

Претераната концентрација на моќ на пазарот во повеќе сектори донесе злоупотреби, ја намали одговорноста, на новите претприемачи им го отежна влезот на пазарот, што  не е во јавен интерес.

Преземено од: http://solidarnostblog.wordpress.com/

Превод од словенечки: Никола Миљевски

Скратувањата и опремата на текстот се редакциски

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________