Почетна --> Архива --> 342 --> Страшниот суд
Страшниот суд
Автор: ЕГО Редакција   

1. Велигден е пред нас - ден кога се слави најголемото чудо во христијанското верување опишано во Библијата - Христовото воскреснување. Мојата земја пак не само што е библиска, туку е и чудесна!

Едно од тие чудесии со библиски размери е што власта е ем невина, ем трудна! Друга чудесија е што кај нас дури и ѕидовите имаат уши.

2. За разлика од немтуросаните институции, Светото писмо одамна има заземено став за прислушкувањето. Така на пр. во Евангелието на Марко се вели:  „ ...Нема ништо тајно, што не ќе стане јавно; ниту пак, нешто сокриено, што нема да излезе на видело. Ако некој има уши да слуша, нека чуе!" И им велеше: „Внимавајте на она што слушате: со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери, и ќе ви се придодаде, вам што слушате. Зашто, кој има, нему ќе му се даде; а кој нема, од него ќе се одземе и она што го има."

3. И ваистину така би: Со бомбите на Заев многу тајни станаа јавни, а оние кои имаат уши - слушаат. Само МВРО-то и Обвинителството се глуви. Оние пак кои имаат уши, научија на пр. дека како држава и не сме толку сиромашни, туку само сме бедни... како луѓе.

4. Значи, да продолжам во предвелигденско-библиски тон: Според книгата „Дела на светите апостоли", кога апостолот Павле се наоѓал во Троада, му се јавил на сон еден човек Македонец, којшто го молел велејќи: „Премини во Македонија и помогни ни.“ Две илјади години подоцна, ако свети Павле пак сони Македонец, овој нашиов, стопосто ќе му рече: „Ич не се мачи, бадијала ќе идиш, За нас спас нема“.

5. Ако е така, ако нема чаре за Македонија, тогаш навистина се ближи крајот на светот. Преданијата велат дека во последните денови ќе наидат тешки времиња, зашто луѓето ќе останат саможиви, среброљупци, самофаливи и горделиви (нешто како егоисти демек), хулници, неблагодарни, невоздржани, бесни, предавници... Безаконието ќе се намножи, и љубовта на многу ќе се олади.

Исто ко сега де!

6. Арно ама, Крајот на светот ќе дојде со Второто Христово пришествие, па тогаш ќе биде организиран вонреден, едностепен таканаречен Страшен суд. А тогаш, обвинител нема да биде некој Зврле-мрле... Барем така мислам. (Како беше она? За мислење  не се одговараше?)

 
 
Карпатија
___________________________
Rustiko
___________________________

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски
_______________________________