Алконост

Алконост е легендарно суштество од словенската митологија кое живее во ириј (рај). Застапено е претежно во рускиот фолклор, Претставено е како птица со глава и гради на жена, има прекрасен маѓепсувачки глас и пренесува пораки од оној свет.

Алконост

Легендата вели дека во зима полага јајца на брегот на морето, а потоа ги спушта во длабочините. За то време морето е мирно, но по седум дена кога се јајцата ќе се изведат почнува бура и невреме. Поради тоа на Алконост и се припишува моќ за влијание врз временските прилики. Името настало како искривена форма од имињата Алкиона, по Еоловата ќерка од античката митологија. За разлика од Сирин не прави лошо и не е опасна по луѓето.