КОЈ СО ЃАОЛО ТИКВИ САДИ…?

Декември 2019 г. ЕГО бр. 377

  1. Од живот за сите, до зборот е збор, за на крајот од 2019 да стигнеме на прав пат. Да де, стигнавме до крајот на 2019 која требаше да биде економска година. Исто како што економска требаше да биде и 2018. Исто како и датумот за почеток на преговори со ЕУ кој уште лани го добивме.

Само ме чуди како на Заев му се лизна од раце Нобеловата. Ене, Ципрас ја лапна…

  1. А толку многу, овој нашиов, вложи во неа – лобираше преку телефон кај Порошенко, вети мито од 100.000 евра за Вартоломеј ако патријархот „клај една рака“ за МПЦ, му се тутна на Трамп за да се поздрави, муабетеше во скап роаминг и со Столтенберг и со Грета Тунберг… се извинуваше до небо, бакнуваше знамиња и стружеше шахти со античко-македонски сонца, се обиде и со мало сутра-политики, на грците им даде да ни го чуваат небото, а на Бугарите историјата, па зеде еден куп: 1) Посебни советници; 2) Советници и; 3) Надворешни соработици. Сите скапо платени, од наши пари. Џабе му беше.

Ама ако, ако не Нобеловата, Дарвиновата не му бега – 100%!

Од домашните награди, не знам дали некој ќе му даде Орден заслуги за народ, затоа што според премиерот, ние сме мултиетнички народ… кого тој го спаси од антиквизација, а сега го турка во бугаризација.

Еј стварно бе, шо вели бројчаникот, чиј е Гоце?

  1. Во бројните успеси во оваа 2019 е и операцијата метла во која настрада најдоброто од Битола, Кирацовски, ама како нус-ефект од неговото деложирање невработеноста пак се зголеми, нексибим

Годинава помина и во знакот на неговата ждановистичка борба со лажни вести, со фејк-политики и фејк-политичари, фејк-партии… фејк-СЈО, фејк-држава. Можеби затоа се иселија еден куп вистински лекари, програмери, медицински сестри, гипс-картон мајстори… И затвореници! Поисплатливо е. Ете, на Верушевски оваа напатена мајка наша Македонија експресно му досуди и исплати 42.000 евра за нецела година притвор, што е уште еден доказ дека повеќе се заработува во затвор отколку со чесна работа.

  1. И ние во Градо на конзулите имаме кандидат за Дарвиновата награда. Ете, нашата ни Наташа најави оригинал а не фејк-тикварник, кој ќе се служел како десерт при отворањето на обновениот Офицерски. Ееее, таму некогаш… Тикварникот добро ќе им дојде особено на оние кои по 12 години опозициско постење сега од меана не се излезени… на државна сметка, разбира се.

За чајанките на Копанки пак, нашата ни Наташа престана да се чатали откако едно решение за мавање по капа на сопственоста и` падна во вода. Ама Наташа надежта не ја напушти. Стокми уште едно решение за грабнување на Копанки, за да го направи нејзин чифлиг, само не знам дали ја знае народната – кој со ѓаоло тикви сади, од глаата му се кршат.

  1. Среќна Нова и последниот нека го угасни светлото, да не гори џабе.