Во сараевската Брза помош помош побарал човек со потрес на мозокот. Го донесла неговата сопруга, која претходно го удрила со пегла по главата, затоа што несреќникот една година ништо немал добиено во кладилниците кои катаден ги посетувал. Во брзата помош дошле пешки оти немале пари за такси, последната марка мажот ја потрошил во кладилница.
Е во Кромберг нема така
Непушачите во една јапонска компанија добиле дополнителни 6 дена одмор во текот на годината, за да се изедначат со пушачите кои отприлика толку време трошат на пуш-паузи. До ова дошло откако непушачите почнале да се бунат затоа што пушачите на овој начин забушаваат.
Инаку, Јапонија се обиде да воведе забрана за пушење на јавни места, ама предлогот засега нема поддршка, со што Јапонија е на дното од листата земји кога се работи за ограничување на пушењето. Се проценува дека 18% од Јапонците се пушачи.