25.04.2019
- Пата-пат. Таков е изборниот резултат, бара-бар. За власта тоа значи дека за само две и нешто години успеаја да се испосерат врз народната надеж и волја (заради кои станаа власт), а за опозицијата значи надеж дека можеби пак некогаш ќе станат власт.
Инаку, традиционално најголема излезност имаше, има и ќе има на поранешниот Александар Велики, сегашен Меѓународен аеродром и на Табановце.
Во наредните денови до вториот изборен круг ќе бидеме сведоци на толку пати виденото нешто – тоа што не може да се купи со пари, се купува со повеќе пари.
- За Заев и камарилата – првиот круг, како сакаш есапи и без оглед на можната победа во вториот круг – значи пораз. Тоа е логичен исход од се` она што го гледаме додека се власт: Партиски јуриш на јавните претпријатија, Кирац-политики, фалш вакцини и други слични дупења во здрав мозок, непотизми, партиски вработувања, крстомукоски амнестии, преспански договарања, сфаќање на демократијата како патни трошоци, нула инвестиции, бегање од надлежност и праење на улај на сите инстанци за платформите на Матка, плажите во Струга, хотелите во Охрид, никаков учинок на СЈО, окус-покус трикчиња со 19 милиони евра што ги снема од пензискиот фонд, бројчаник што требаше да покажува колку украдени пари се вратени назад… или напред? Хммм… Па не знам, на митинзите Заев си свиркаше со гитара… добро де, глумеше дека свири, како и за се` друго.Ова го пишувам утрото по изборниот ден и сигурен сум дека Заев, кај да е, ќе излезе со така некоја
кроткоебачко-богобојазлива
фаца на селски итроманец и ќе рече дека ја примил пораката од народот. Исто така сум сигурен дека до вториот изборен круг ќе
спроведе таков притисок, дури и поголем од неговите, надалеку прочуени по тоа, претходници.
- Во Битолава ни наша пак, за година и половина се стопија гласовите што м-р Наташа ги собра на последните локални избори. Таа имаше речиси 32.000, Стево пак 17.766. И откако Наташа си се курдиса на власт, стана недопирлива и невидлива. Не верувам дека и натаму е зафатена со берење боливач. Знам само дека се опкружи со тапоглави советници и други Чарлиеви ангели од ист тип, ни праќа поздрави од височините преку фејсбук и самата си лајкнува.
Додуша, жената тро-од тро се изнамачи како бичим градоначалник: Постави пирамиди на „Климент Охридски“ наместо да ја асфалтира и донираше помошно црево во Ротино – во координирана акција со директорот на Водовод, Горан Козаров, здружено и со натчовечки напори донираа црево бе, чоек, црево! Не дека не е потребно, ама толку помпа, па сликање, па пи-ар, па пи… оф лелеее.
- Во недостаток нешто конкретно, и цревото е добро за маркетинг. Тоа што светот се занимава со космички црни дупки, а поцрна дупка од градов нема, никому ништо.
Е па затоа Стево пред Велигден помина како кучката на Василица.