Пијан глушец не знај шо прај!

Во полициските магацини за запленета роба во Индија, стаорци испиле над еден милион алкохол. Ретко кој поверува во оваа приказна смислена за да се оправда криминалот на самата полиција. Годинава пак, стигна нов бисер – аргентински глувци изгризале половина тон запленета марихуана. Со тоа ем го снема доказниот материјал, ем некој добро се нафатирал!

Всушност, во магацинот била складирана марихуана запленувана во последните две години, во вкупна количина од 6 тони. При проверката, било утврдено дека на лагер има 500 кг. помалку. Била спроведена истрага и пред судот набрзо се појавиле тројца полицајци како сведоци, кои тврделе дека глувци се навлекле на марихуаната. Експерти потврдиле дека во магацинот нема остатоци од глувчешки измет и истрагата е насочена кон вистинска цел – корумпираната полиција која е поврзана со нарко-картелите.