Забележано е дека на 13 септември 1970 година во Прилеп, на полувремето од дербито Победа – Вардар, своја изведба имал и жонглерот Душко Стојановски, студент од Скопје. Жонглирал со пластична топка (што е многу потешко отколку со кожна) која можел со часови да ја префрла од нозе на глава, да ја спушта по вратот и рамењата, да ја носи на челото. Во една прилика успеал да направи дури 35 круга околу фудбалско игралиште, што е околу 15 километри. Специјалност му била одење со топката, при тоа да не му падне на земја. Можел и да трча жонглирајќи.