Вселената и човечката глупост се неограничени. За првото, не е докажано
Коперник уште во 1521 докажа дека Земјата се врти околу Сонцето, ама денес 26% од Американците се` уште не знаат дека Сонцето е во средината на соларниот систем. Според истражувањата:
– Само 53% од жителите на САД знаат за колку време Земјата прави еден круг околу Сонцето;
– 59% знаат дека диносаурусите и луѓето не живееле во исто време;
– 47% знаат отприлика колкав дел од планетава е покриен со вода;
– Само 21% возрасни Американци точно одговориле на сите три прашања;
– Само 1% знаеле дека само 3% од сета вода е слатка, а остатокот солена;
– 50% не се ни обиделе барем приближно да одговорат на последното прашање.
Тоа се случува во земјата која троши илјадници милијарди евра за консолидација на банки и вооружување. И на УСАИД.