Љубов на кучешки начин

Ако се вљубите во некого, подобро е да го засакате и неговото/нејзиното куче, оти, во спротивно, голема е веројатноста врската да не успее, посочува истражуање на компанијата за шетање кучиња „Вег“.  Според анкетата, 86 отсто од сопствениците на кучиња би му раскинале на партнерот ако тој/таа не го сака миленичето.

– За нас во „Вег“ воопшто не е изненадување тоа дека оние кои чуваат кучиња ги ставаат нив на прво место, пред луѓето и дека тоа е важен фактор во нивниот љубовен живот, изјави директорка на компанијата.Во таа смисла, несогласувањето околу кучињата е побитно отколку она за модата или за тоа дали да се има деца или не

И после немало работа за младите. Е па нема!

За разлика и од многумина „помлади“ од него, коишто би уживале во пензијата, 100-годишниот милијардер Чанг Јун Чунг и по 80 години работен стаж, и натаму сака да оди на работа.  За највозрасниот милијардер на светот, основачот на компанијата „Пасифик интернејшнал лајнс“ (ПИЛ) седењето дома не е опција. Иако позицијата директор веќе му ја препушти на својот син Тео Сионг Сенг, овој стогодишен Сингапурец и натаму настојува да доаѓа на работа секој ден.

-Тоа е моја навика. Ја посетувам фирмата секодневно и го проверувам секој отсек… И, секој ден ги запишувам сите свои активности во дневник. Едноставно, не можам да бидам дома, тоа е многу здодевно, изјави Чунг.  ПИЛ е основана 1967 година, а денес има скоро 18.000 вработени.  – Во секоја работа, особено оние со бродови, наидувате на разни проблеми – политички, технички, несреќи… Да се остане смирен и да се заборави на темпераментот во работата е најважно, а тоа е она што го научив од својот татко и сè уште учам од него, вели син му Сенг.