Бугарскиот астрофизичар Л`чезар Филипов тврди дека вонземјани киднапираат Бугари (ебате вонземјаните ко дошле Бугари да киднапираат), а последниот случај е забележан на подрачјето на Варна. Во текст под наслов „Вонземјани киднапираат дедовци и девојки“ професорот Филипов наведува дека „посетителите од Вселената се заинтересирани за повозрасни лица, млади луѓе и деца“. Тој е убеден и ги убедува сите други дека малите зелени посетители постојани прават вакви дејанија.
Плаќам на готово, нема чекање!
Кражба на 23 метарски мост тежок 56 тони! Тоа го има во Русија! Мостот се наоѓал над реката Умба, кај напуштена населба во Октјабарскаја, во арктичката област Мурманск, некаде на границата со Финска.Три седмици пред кражбата средишниот дел од мостот паднал во реката, ама десет дена подоцна – немало ни трага од него! Полицијата се сомнева дека мостот прво бил намерно урнат и потоа, дел по дел, конструкцијата е украдена за да се препродаде на „старо купујем“.
Ова не е прв ваков случај во Русија. Во 2008 година, руската полиција трагаше по лица кои украле мост од 200 тони! Машала! Мостот на Умба бил приватна сопственост, а неговата вредност се проценува на само 8.200 евра.
Не жали либе, не плачи… ќе те казнат
Поданиците на Обединетото кралство Тереза Меј ќе ја памтат како премиерка која воведе закон според кој сите лица над 16 години можат да добијат казна до 2.500 фунти, ако бидат фатени како плачат дома. Тоа правило, наводно, има за цел да го заштити квалитетот на живот, а истото се однесува и на поместувањето мебел и удирањето в ѕид – демек, доколку комшиите ве чујат и се пожалат за овие (не)дела, казните се движат од 113 до 2.800 евра. Казната можат да ја издадат локалните власти, полициски службеници, добротворни станбени фондови или станбени фондови кои локалната власт ги основала за таа цел
Добро бе, кај им беше умот?
Млади родители (мх, мх… ама родители!) го заборавиле бебето во такси. Уште дома недонесено, непрокопсаниците кои од болница си оделе дома со новороденчето, сфатиле дека го заборавиле откако ја платиле сметката и излегле од возилото само со поголемото, едногодишно дете. Таткото на бебето се обидел да го стигне таксито, но таксистот не го забележал, туку возел и понатаму без да знае дека на задното седиште има бебе, кое спие. Возачот го паркирал автомобилот во подземна гаража и заминал на пауза за ручек. Бебето го забележал дури откако почнало да плаче. Повикал полиција, брза помош, па се нашле и родителите… и така…
Е то ти се вели градоначалник
Најдолговечниот градоначалник, Јозеф Ридел од германскиот град Виндхаген во западната сојузна покраина Пфалц на Рајна, по 56-годишна градоначалничка кариера и навршени 94 години, конечно замина во пензија. – Се кандидирав на 14 избори. Сите ги добив. Секогаш имав противкандидати, а колку беа вкупно – не се сеќавам, вели политичарот, член на Демохристијанската унија.
Грачето Виндхаген, кое има 4.200 жители, тој го води од 1963 година. Должноста градоначалник ја извршувал доброволно, без паричен надомест, а канцеларија му била дневната соба.
На познатиот повоен германски канцелар Конрад Аденауер му испорачувал компири, кој живеел во блискиот Рендорф. Тогаш се родила идејата за модернизација на автопатот А-3 (значи автопат, а не помочана улица), од чија изградба Виндхаген добил многу, и инфраструктурно, и економски, а Ридел станал и – останал вечен градоначалник!