Соништа
·
Сениште во Лом
Нацо Талев од гр. Битола ми кажуваше за едно сениште што го наклапушило еднаш во г. Лом. Во 1887 г. бил во Лом пајтонџија. Цел ден и цела ноќ речиси што го терал пајтонот и коа ќе го остаел дење да се починат коњите, одел во еден ан пуст да преспие малку, во една одаја…
·
БОЛЕСТА СИ ЗЕМА ЗБОГУМ
Кога била Марија осум-девет години, ја фатило буицата, и лежала болна баеги време. Таа година по сите куќи во Битола тукуречи беше ги изредило буицата (пред петнаесет-шеснаесет години), Господ да чува. Дури лежала снаа ми од буицата, сеедно ја гледала буицата, како на сон, како на јаве, да дури зела за напред да здравее. Една…
·
СОН
Снаа ми Марија во Битола пред седум-осум години, кога беше девојче, видела еден сон, како да го прескокнала ѕидот од бавчата и се нашла во една друга бавча у комшиите, арно ама бавчата не можела да ја сети оти била од комшиите, како да не ја познава чија е; од таа бавча пак го прерипала…
·
Гулаби
Аџи Миаил Костенцев пред да се сврши видел еден сон, како да беше му долетал еден гулаб дома и му влегол во одајата внатре; не би час, туку му долетал уште еден гулаб дома, како малку постар од првиот и не толку личен во пердувите како што бил првиот, чунки првиот бил како со злато…